
Шок во Каталонија: Перез де Варгас можеби повеќе нема да заигра за Барса!
Чуварот на мрежата на каталонскиот тим предвреме го заврши вчерашниот натпревар против Бисасоа кој Барселона го доби со 32-30. Варгас по една одбрана го повреди коленото и се соочи со силна болка, а соиграчите мораа да го изнесат од теренот.
По натпреварот Барселона објави дека голманот ги повредил лигаментите на коленото и по денешните тестови ќе се знае степенот на повредата.
Барселона од претходно не може да смета на: Хамес Галего, Хуан Паломино, Петар Цикуаса и Пол Валера, а сега на оваа листа е и Варгас.
Не е исклучена можноста и Варгас да ја заврши својата епизода во Барселона бидејќи по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Кил.