Раул во македонската амбасада во Париз го прослави 8 септември! (ФОТО)

Поранешниот тренер на ракометниот клуб Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалез, кој со „црвено - црните“ ја освои титулата во Лигата на шампионите пред неколку сезони, во Париз го прослави денот на независноста на Македонија - 8 септември.

Тој во македонската амбасада во Франција беше во друштво на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Димитров воедно објави фотографија со поранешниот селектор на Македонија.

Раул Гонзалез со семејството синоќа дојде на приемот во амбасадата во Париз за одбележување на 8 септември. Го немав лично запознаено претходно. Прекрасен човек, напиша Димитров на својот Фејсбук - профил.