Ракометарките на песок се изборија со неправдата: Нема да играат во тесни гаќички! (ФОТО)

Репрезентативките на Норвешка во ракомет на песок направија револуција во спортот и ја натераа Меѓународната ракометна федерација да им дозволи да носат кратки шорцеви, како мажите, а не само тесни гаќички.

Норвешките ракометарки се побунија во текот на летото, а во знак на револт настапија во шорцеви, поради што беа казнети од Европската ракометна федерација со 1.500 евра.

Долго време се дикустираше за тоа дали ќе им биде исполнето барањето, а „Гардијан“ објави дека Светската ракометна федерација го променила правилото за облеката на ракометарките.