Најтрофејниот дански клуб вака не славел кога станувал шампион како сега за – опстанок (ВИДЕО)

Најтрофејниот дански ракометен клуб КИФ Колдинг, 14-кратен првак на земјата која во последниве години доминира на репрезентативен план со гол во последните секунди се спаси од катаклизма и испаѓање од домашната елита.

Колдинг има 14 титули, последната во сезоната 2014/15, има и осум трофеи во Купот и веројатно вака не се радувале на ниту еден пехар, како сега во пресметката со Холстебро, а Питер Балинг го даде голот со кој опастанаа буквално секунди пред крајот. На Колдинг не му играше ни реми на овој меч, мораше да победи, па испадна Рингстед кој загуби со 34-35 кај ГОГ.

Инаку Балинг го постигна голот од „втора мајка“, откако голманот на Холстебро на момент ја замолкна публиката со одбранетиот зицер во напдот, па откако Колдин го даде голот, а истече времетот, играчите почнаа да слават, а трибините буквално се превртеа од радост.