Германски ракометар се исповеда: Геј сум, имам дечко и среќен сум!

Германскиот ракометар Лукас Пжикала јавно кажа дека е хомосексуалец, во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“, со што стана првиот играч од ракометната Бундеслига, кој јавно ја споделил оваа интимна информација за себеси.

Пжикала има 28 години и игра како десно крило во тимот на Лајпциг и веќе 12 години е дел од најсилната германска лига. Вели дека неговиот тренер и соиграчите веќе знаат за ова и дека тој е одлично прифатен.

„Размислував за овој потег цела година: зошто да не го направам овој чекор и едноставно да кажам дека сум геј? Уште колку долго ќе мора да живееме во константна измама, до кога лажење и за кого? Секогаш ќе има идиоти кои ќе велат глупави работи. Јас денес можам јасно да кажам: Геј сум, имам дечко во кого сум вљубен и многу сум среќен. Меѓутоа јас сакам да бидам со тоа што го правам, а не со мојата сексуалност“, рече ракометарот, кој има одиграно 192 меча во својата бундеслигашка кариера, за кои постигнал 485 гола.

Додава дека одлуката ја донеле со својот партнер Крис, за да не мораат повќе да се кријат. Вели дека поддршката од целиот тим му значи, но особено од клупскиот директор, Карстен Гинтер..

„Нашиот клупски менаџер ме праша како се запознавме јас и Крис. Потоа се прегрнавме. Среќен бев што Крис беше толку допло прифатен. Тоа се случи минатата есен, кога решивме да бидеме отворени како двојка. Тогаш си реков, сакам ова да стане јавно, само уште не знаев како и кога“, вели ракометарот.

Тој посакува овој потег да биде стимул и за други играчи јавно да истапат, ако имаат потреба од тоа, бидејќќи да се биде хомосексуалец во спортот не е едноставна работа.