
Германија ќе се бори за петто место на СП!
Германија играше одлично во првото полувреме и во 26. минута имаше водство од 16-9, по што Египет се созема и со серија од 5-1 намали на 14-17 на паузата.
Ракометарите на Германија избегаа на осум гола разлика во првите 10 минути од второто полувреме, но Египет не се предаваше и се бореше до крај за да избори продолженија (30-30).
Во првото продолжение Германија водеше двапати, меѓутоа повторно резултатот беше нерешен по дополнителните пет минути (33-33), по што победникот се реши во следното продолжение (35-34).
Најефикасе кај Германија беше Кнор со седум голови, додека по седум за Египет постигнаа Моамен и Елдера.