Лејно запиша 22 интервенции, Франција ја уништи Холандија

Женската ракометна репрезентација на Франција без многу проблеми славеше против Холандија со убедливи 32-22 во четвртфиналето и така се вклучи во борбата за медали.

Французинките со серијата од 7-0 во првиот дел избегаа на максимални 12-3 во тој момент и тука делумно го решија прашањето за победникот во овој четвртфинален меч.

Холандија не успеа да ја стопи негативата зад Французинките, кои и во второто полувреме беа доминантни на теренот и триумфираа со 32-22.

Поранешната голманка на Вардар, Амандин Лејно беше неверојатна на голот на Франција со 22 интервенции, додека кај стрелците најефикасна беше Флипе со шест голови. На спротивната страна најдобра беше Малештајн со пет погодоци.