Франција го распарчи Катар на стартот на СП 2025

Француската ракометна репрезентација славеше со 37-19 против Катар на почетокот на Светското првенство (СП), а триумф оствари и Италија против Тунис со 32-25.

Французите беа без милост од самиот старт, кога создадоа водство од 7-2, а разликата продолжи да расте до 18-10 на паузата.

Тунис не најде решение за расположениот напад на ривалот, а притоа не ги реализираше своите шанси, па како минуваше времето така растеше предноста на Франција до конечни 37-19.

Најефикасен во победничкиот тим беше Тибо Брие со седум погодоци, додека Франкис Карол запиша четири гола за Катар.

Италија се врати на Мундијалите по долго време и го почна натпреварувањето на најдобриот можен начин, со победа од 32-25 против Тунис.

Најдобар во победата на Италија беше Пратнер со 10 голови, додека Бен Абдалах постигна шест погодоци за Тунис.