Феноменалниот Митревски го одбрани секој втор шут и му донесе победа на Порто!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, беше најзаслужен за триумфот на Порто во дерби пресметката со Спортинг Лисабон (33-27), откако буквално беше несовладлив на големот иако не беше во улога на стартер.

Тој влезе во игра кога неговиот тим имаше негатива 10-11, а до крајот собра 14 одбрани од 27 шута. Тоа беше прв пораз за Спортинг, а десетта победа во низа за Порто.