„Фараоните“ тргнаа со победа: Чиле немоќен против домаќинот на СП

Домаќинот на Светското ракометно првенство Египет со рутинска победа против Чиле од  35-29. го отвори турнирот. 

Во групата Г, каде што ќе игра и македонската репрезентација, Египет покажа дека моментално е класа над јужноамериканскиот тим. Домашните имаа водство во текот на целиот натпревар, а на полувремето резултатот гласеше 18-11. Во вториот дел, Египет имаше и највисоки +9, но во финишот малку се опушти па Чиле се избори за нешто поблаг пораз од 35-29. 

Кај „фараоните“ Јехиа Елдера со шест голови беше најефикасен со шест голови, кај Чиле најмногу се истакна Естебан Салинас со 9 голови. Утре во рамки на вториот натпревар од оваа група, македонската репрезентација игра против Шведска со почеток од 20:30 часот.