Еден од најдобрите српски ракометари става крај на кариерата

Еден од најдобрите српски ракометари во изминатите години, Петар Ненадиќ одлучи да стави крај на својата кариера.

Ненадиќ својата одлука за повлекување од професионалниот ракомет ја објави на својот Инстаграм профил. Блескавата кариера ја започна во Црвена Звезда подоцна настапуваше за Алгесирас, Барселона, Сегед, Холстебро, Висла Плок, Берлин, Веспрем, ПСЖ, а се повлекува како играч на Ал Калиџ од Саудиска Арабија.

„Секое патување има почеток и крај. На своето патување јас бев 21 година, сега дојде време да му кажам збогум на ракометот. Едно поглавје се затвора, друго започнува“, објави Ненадиќ.

Дресот на репрезентацијата на Србија Ненадиќ го носеше цели 15 години и во тој период одигра 78 натпревари и постигна 213 погодоци.