Македонските навивачи го заборавија поразот од Норвешка и веќе се фокусираа на новиот предизвик на нивните ракометни миленици, дуелот со Холандија денеска од 18 часот. Фан-зоната во Краков доби засилување во тапани, па се виеше оро и се пееше песна пред мечот.