„Среќни сме што по 12 години се пласиравме на ЕП преку квалификации“

Македонската женска ракометна репрезентација денеска славеше против Азербејџан со 37-22 и се пласира на Европското првенство (ЕП).

Симона Маџовска кажа дека се среќни затоа што по 12 години се пласирале на европскиот шампионат преку квалификациите.

„Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар кадешто сакаме со победа да го завршиме циклусот и да си го потврдиме пласманот на европското првенство“, кажа Маџовска.