Шпанија ја уништи Литванија: Македонија и официјално ќе игра на ЕП!

Шпанската ракометна репрезентација ја декласира Литванија со 34-20 за петта победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а со тоа се потврди и пласманот на Македонија на големиот шампионат.

Литванија се распадна уште во првото полувреме во кое постигна само девет, а прими дури 17 голови, додека во вториот дел продолжи доминацијата на Шпанија за да обезбеди победа од 34-20.

Шпанија како првопласирана во групата 5 веќе имаше обезбедено пласман на ЕП, додека Македонија денеска славеше против Азербејџан со 37-22 и стигна до шест бодови, односно недостижна предност пред ривалите.