Селекторот на Унгарија: Не е лесно да се игра против Македонците
Нашата селекција беше пред голема победа, водеше со еден разлика и имаше напад на 20-тина секунди пред крајот на мечот, но ја загуби топката и прими гол за големо разочарување кај македонските фанови. Интересно е тоа што Унгарците се задоволни од освоениот бод бидејќи се свесни дека беа пред сензационален пораз што беше истакнато и од селекторот на Унгарија, Чема Родригез.
„Мораме да бидеме задоволни од конечниот резултат. Не дозволувавме лесни голови, но пропуштивме неколку шанси во нападот и си ја отежнавме ситуацијата. Најважно е тоа што не се предадовме, продолживме да се бориме и на тој стигнавме до нерешениот резултат. Еден бод не е лошо за почеток на едно светско првенство. Не е лесно да се игра против Македонците, успеавме да се спасиме од пораз и тоа е најважно“, рече Родригез.
Унгарците имаат поправен испит утре против Гвинеја, додека македонската репрезентација ја очекува уште потежок дуел, со фаворитот во групата Холандија.