Савевски ги одреди ракометарките кои ќе се соочат со Норвешка

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за пријателскиот двомеч со Норвешка во Скопје. 

Двата натпревари ќе се одиграат за време на ЕХФ неделата, а првиот, што ќе биде од затворен карактер е закажан за 29 септември. Втората пријателска ќе се одигра на 1.октомври и ќе биде од отворен тип, а влезот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде слободен за сите љубители на ракометот. Воедно дуелот ќе биде пренесуван и во живо на МРТ 3.

Првиот собир на ракометарките е закажан за 26 септември, односно во понеделник.