Репрезентативецот Митревски и официјално е нов голман на Порто!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, од денеска и официјално е член на португалскиот прволигаш Порто, откако управата на овој тим го потврди ангажманот на искусниот чувар на мрежата.

За него ова е враќање во добро познато првенство, со оглед што пред неколку години беше член на најголемиот ривал на својот нов клуб, Бенфика. Ова воедно става крај и на сите шпекулации за трансфер на Митревски во Вардар, кои се зголемија откако тренерот на црвено-црните, Стевче Алушевски, јавно го искажа својот интерес за ангажман на репрезентативниот голман.

Искусниот чувар на мрежата минатата сезона повеќе од успешно го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, но по една година мината во Битола реши повторно да се проба во интернационалните води.