Ракометарките поразени од Австрија и во втората контролка

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска претрпе пораз и во втората контролка против селекцијата на Австрија. Денеска Австријките славеа уште поубедливо со 13 разлика (34-21).

Победата Австрија ја најави уште во првото полувреме, а во вториот дел само ја потврдија.

Доминираше Австрија од почетокто до крајот, додека нашите ракометарки ниту еднаш не успеаа сериозно да го загрозат водството на противничките кое на паузата изнесуваше шестголови разлика (15-7).

Во второто полувреме Австрија продолжи да ги казнува грешките на нашите ракометарки, па така прашање беше само со колкава разлика ќе слават.

За Македонија најефикасни беа Сара Стефановска и Сара Ристовска со по четири постигнати погодоци.