
Ракометарите ќе „се омрсат" ако се пласираат во втора фаза на СП!
Ракометната федерација ќе им додели премија од минимум 30.000, а најмногу 60.000 евра, во зависност од резултатите во првата фаза.
Пласман во вториот круг со еден добиен натпревар ќе значи премија од 30.000 евра, две победи ќе им донесат 45.000, а три победи и прво место во групата би донеле 60.000 евра.
Македонија игра во група со Норвешка, Холандија и со Аргентина на 13, 15 и 17 јануари, соодветно. Експедицијата ќе патува за Краков со чартер-лет, утре во 11.30.