Ракометар што играл за Шведска е на списокот на Лазаров за ЕП во Германија!
На поширокиот список на Лазаров има едно изненадување, тоа е ракометарот Николас Најденовски кој не е познат на македонската јавност.
Се работи за играч роден 2006 година кој живее и игра во Шведска, но има македонско потекло. Најденовски веќе има настапи за шведските младински селекции до 17 и до 16 години. Тој е член на клубот Луџи Хендбол.
Европското првенство се игра во Германија од 10 до 28 јануари.
Македонија е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.