Првиот гол на Лазаров за Македонија и првата победа на СП - вечерва на МТВ!

После 22 години од првиот настап на Македонија на Светските првенства, на кое дебитираше најдобриот ракометар и икона Кирил Лазаров, македонската јавност ќе има шанса повторно да го види и да се потсети на тој историски момент, како најава за утрешниот старт на актуелната репрезентација на Мундијалот во пресметката со Шведска од 20.30 часот.

Македонската телевизија вечерва од 20 часот (МТВ 3) ќе го прикаже историскиот меч со Саудиска Арабија и првата победа на нашата ракометна селекција на Мундијалите, меч на кој својот прв гол за репрезентацијата го постигна актуелниот капитен Лазаров, кој по 22 години се враќа на местото од каде му почна репрезентативната кариера, тогаш како 19-годишно момче.

Македонија веќе замина за Египет и се очекува околу 19 часот да слета во Египет, откако вчера во последен минг се најде на светската смотра откако Чешка поради преголем број на заразени ракометари го откажа учеството, па црвено-жолтите влегоа како прва резерва на Светското првенство. Македонија покрај Шведска, во група ги има и домаќинот Египет и аутсајдерот Чиле, а првите три селекции од секоја група продолжуваат во нови групи.

Дуелот со Шведска утревечер ќе го пренесува МТВ, која од претходно ги откупи правата за овој ракометен Мундијал во Египет.