Предупредување за „Фалангата“: Во арената во Вараждин само со официјалното македонско знаме
Најавено е присуство на повеќе илјади Македонци кои ќе ги обојат градот и Вараждин арената во црвено-жолто. На ден пред натпреварот, организаторот - Ракометниот сојуз на Хрватска објави неколку правила на однесување за гледачите кои ќе присуствуваат на натпреварите не само во Вараждин, туку и во Загреб и Пореч.
Во арените е забрането да се внесуваат пиротехнички средства, оружје и тврди предмети, храна и пиење, професионална опрема за снимање, а најважно за нас - транспаренти, знамиња и други предмети кои поттикнуваат насилство, омраза или содржат политички пораки.
Со други зборови, македонските навивачи не смеат да внесуваат други знамиња, освен официјалното македонско знаме - со осум краци.