
Пораз и од Романија, Македонија на 16-то место го заврши настапот на ЕП
Денеска претрпевме уште еден пораз, овојпат бевме поразени од Романија иако го добивме првиот сет, загубивме со (1-2).
Првиот сет го добивме со 16-14, поведовме со 1-0. Во голем дел од вториот сет нашите девојки беа подобри, имаа предност од 10-6, но се опуштија во продолжението и Романките тоа го казнија, го добија сетот со 12-11.
Во доигрувањето и пенал завршницата Романија беше подобра со 8-3 и дојде до победа.
На овој меч најдобри во македонската репрезентација беа Ана Марија Божиновска и Теодора Гулицоска со по осум поени.