Поповски: Белорусија е слична на Русија, ќе се обидеме да го обелиме образот!

Ракометарите на Македонија утре против Белорусија ќе го одиграат последниот дуел во главната фаза на Светското првенство (СП) во Египет.

Мартин Поповски порача дека се чувствува како да се влезени во некој „барабан“ и не можат да излезат од него.

„Влеговме лошо во мечот против Русија, иако се подготвувавме за нив. Како да сме влезени во ‘барабан’ и не може да излезем од него. Сепак, ова ни носи ново искуство и се надеваме дека против Белорусија ќе успееме да го обелиме образот. Квалитетот на Белорусија е сличен како на Русија“, кажа Поповски.

Македонија утре го игра последниот меч на СП против Белорусија од 15.30 часот.