Алармот за пожар го разбуди Кил: Пешевски со три гола за Штутгарт

Дуелот помеѓу Штутгарт во германскиот ракометен Куп го одбележа прекинот предизвикан поради аларм за пожар во салата. 

Натпреварот мораше да биде прекинат на стартот на второто полувреме и целата сала да биде евакуирана поради алармот. Кога се покажа дека тревогата е лажна, дуелот помеѓу Штутгарт и Кил продолжи. 

Паузата подобро им дојде на гостите кои од 19-22 направија серија од 5-0. Иако Кил имаше убедливо водство, Штутгарт се разбуди, но немаше сили за пресврт, бидејќи на крајот загуби со минимални 34-35. Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски одигра одличен натпревар и постигна три погодоци од три шута за домашниот тим.

Вечерва во германскиот Куп настапи уште еден наш ракометар, а тоа е Мартин Томовски. Голманот имаше мала минутажа за Лудвигсхафен и забележа само една интервенција во поразот на неговиот тим од Лемго од 23-26.