Рома се соочува со казна: Ќе биде исфрлена од европските купови!?

Италијанскиот гигант Рома ја чека одлуката од телото на УЕФА за финансиска контрола на клубови, а притоа се соочуваат со парична казна, но постои ризик и од исфрлање од европските купови за следната сезона.

Рома пред четири години потпиша договор со УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј при што мораше да исполни некои финансиски цели, но не го испочитува договорот и затоа сега ги чека санкција.

Италијанските медиуми пишуваат дека Римјаните чекаат парична казна, но постои реална шанса за исфрлање од Европа, што ќе биде голем удар за клубот од Рим.

Фото: Facebook/AS Roma