
Најуспешниот македонски ракометен селектор влегува во бизнисот со струја!
Шундовски во разговор со „Фактор.мк“ кажал дека ќе гради фотоцентрала која ќе има капацитет од еден до 2,3 мегавати, а проектот бил во почена фаза и сè уште се правеле анализи.
Ракометниот тренер беше селектор на ракометарите кои пред 11 години на Европското првенство го освоија петтото место, а исто така претходно ги тренираше Пелистер, Металург, ЧСМ Букурешт, Констанца и Ал Рајан од Катар.