На Босанче во глава не му влегува Северна – Македонија е Македонија, Грците нека додаваат Јужна!

Еден од најпознатите босански новинари Бакир Тиро, новинар и колумнист на „Ал Џазера Балканс“ откри урнебесна дебата со својот шестгодишен син околу проблемот со името на Македонија и додавката Северна, која на малото дете никако не му влегува во глава дека е – нормална.

Босанскиот новинар вчера го гледал мечот на ракометното Европско првенство помеѓу Словенија и Македонија (27-25), додека неговиот син си играл во собата, по што одеднаш еден коментар за името на нашата земја му го привлекло вниманието на малото Босанче и почнала дебатата. Синот прашувал, таткото одговарал, ама – Северна во глава на малото дете не влегува.

Тиро се обидел на својот син да му го објасни проблемот на Македонија и Грција со името, кое заврши со преспанскиот договор за додавката Северна, ама па шестгодишниот син во интересната конверзација го прашал, зашто Грција својот регион Македонија не го крстиле Јужна Македонија, а Македонија да си остане Македонија без Северна.

Тато, зашто овој рече Северна Македонија“?

- Тоа е полното име на Македонија

Зашто? Зашто не се викаат само Македонија?

- Не им даваат Грците

Како мислиш не им даваат Грците?

- Види, таму каде што бевме на море во Грција, се сеќаваш...

Да, се сеќавам. Посиди

- Епа, тоа. Тој и уште некои делови на Грција исто така се викаат Македонија. Сосдаваат покраина во Грција, која има исто име – Македонија. Тоа ти е како кај нас кантон Како кантон Сараево. Не е држава, туку дел од држава

Исто како кај нас што имаат знаме на Србија, кога одиме на скијање на Јахорина. И тие се Босна и Херцеговина, ама имаат знаме на Србија

- Па добро не е баш така

Како не е? Има ли таа Македонија во Грција знаме?

- Има

Какво е?

- Слично како македонското, мислам де на Северна Македонија. Таа што ја видовме во Охрид кога бевме, ама малку поинаква. Ајде сега пушти ме со знамињата, уште малку па ќе биде нашиот меч со Шведска, да се спремиме да гледаме.

Добро, ама молим те чекај... Тато имам идеја

- Одлично, која?

Зашто овие Грците не го сменат името на својот дел? Баш се безобразни. Зашто Македонија ја натерале да се вика Северна Македонија?

- Не знам, така се договориле! А, како ти мислиш тие да го сменат името? Кое име би им го дал?

Па нека се викаат Јужна Македонија, а Македонија нека биде само Македонија. Тие и така на мечевите навиваат само Хелас, Хелас. Ти тоа ме научи во Грција, дека тие така се викаат. Гледаш како сум запомнил..

Целата колумна на Тиро може да ја прочитате ТУКА.