„Многу ми е криво што не играв, ако сум здрав - тука сум за баражите“

Европското првенство заврши, но предизвиците за Македонија допрва следуваат, а важно ќе биде во каков состав ќе ги пречекаме. Откако Филип Миркуловски најави дека планира да во репрезентацијата и во март, во првото коло во баражот за СП, позитивни тонови даде и Кирил Лазаров.

Лазаров откри колку му е криво што не можел да помогне во Дебрецин, но посакува да им биде на располагање на помладите соиграчи за два меесца. Македонија допрва ќе го дознае противникот во првото коло од баражот, во март, а тоа е скалило на кое не смееме да се сопнеме.

„Ако сум здрав, да, ќе играм. Мислам дека на момците ќе им значи моето присуство сум на терен, мене ми е навистина жал што не можев, навистина се подготвував. Сите се подготвувавме но некаде по 7 јануари се распаднавме како кула од карти“, рече Лазаров.