Митев: Кизиќ нè вивна кон победа - не смееме вака против Литванија!
Младиот македонски ракометар Марко Митев кажа дека се измачиле против Естонија, а клучен момент за победата биле одбраните на голманот Марко Кизиќ во завршницата.
„Не беше воопшто лесно против Естонија, одигравме необичен натпревар против квалитетна екипа, која ќе ѝ направи проблем и на Словенија која е фаворит во групата. Сметам дека клучен момент беа интервенциите на Кизиќ, кога одбраната играше на повисоко ниво и тоа ни помогна да направиме исчекор кон победата“, кажа Митев.
Митев вели дека мора да ги корегираат грешките за следниот меч кој го играат против Литванија.
„Мора да се подготвиме подобро и да одиграме поквалитетен меч. Ќе ги корегираме грешките во одбрана и ќе одиме на победа против Литванија“, кажа Митев.
Македонија игра против Литванија на гостински терен на 10 ноември од 17 часот.