Малку ракомет и на домашна телевизија: Обезбеден пренос од мечот Турција-Македонија!

Можеби од фајнлфорот во Келн, кадешто Вардар ја освои Лигата на шампиони по вторпат во историјата, немаше пренос на македонска телевизија, но затоа дуелот на ракометната репрезентација на Македонија против Турција ќе го гледаме на македонски канал.

Телевизијата Tелма ќе врши преднос на мечот меѓу Македонија и Турција на 12 јуни од 18 часот, кој се игра во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Во моментов го делиме првото место на табелата заеднно со Исланд со по пет бода, а до крајот на квалификациите, освен со Турција, ќе играме и против Грција.