Македонските надежи го прегазија Косово на ЕХФ-шампионатот

Македонските ракометари до 18 години го прегазија Косово со 39-16 во вториот натпревар на ЕХФ-шампионатот во Рига, Летонија.

Репрезентацијата на Косово имаше водство на стартот од натпреварот, но македонските ракометари се разбудија и набрзо стигнаа до 9-9, по што почнаа да доминираат и на полувреме заминаа со 21-11.

Во второто полувреме Македонија продолжи во ист ритам, па набрзо предноста на ракометарите стигна до +20 (34-14), а до крајот истата се зголеми до 39-16.

Најдобар ракометар во нашиот состав беше Петковски со девет гола, додека по пет постигнаа Узунчев и Димковски.

Македонија има еден ден пауза, по што го игра третиот меч в четврток од 15.00 часот.