Штета: Младинците пропуштија голема шанса за четврт-финале на ЕП!
Австрија имаше добар почеток на мечот и водство од 4-1, но Македонија го возврати ударот и израмни на 6-6. Големата борба на паркетот продолжи и во следните минути, а на полувремето со предност од еден гол (11-10) заминаа австриските ракометари.
Македонија во вториот дел го засили темпото, а одличен на голот беше Иван Галевски, па предноста на нашите ракометари достигна три гола (17-14). Потоа следеше период каде што Австрија се созема и направи пресврт (18-17), а до крајот на мечот се играше гол за гол (20-20).
Ракометарите на Македонија со реми и четири бодови ја завршија првата фаза од турнирот на третото место, па во следниот период ќе разигруваат за пласман од деветто до 16. место.
Галевски го заврши мечот со 15 одбрани, додека најдобар стрелец во редовите на Македонија беше Димитар Узунчев со осум погодоци.