Македонија ја запиша првата победа на Медитеранскиот шампионат

Македонската ракометна репрезентација до 18 години ја забележа првата победа на Медитеранскиот шампионат кој се игра во Атина, откако славеше против селекцијата на Мароко со 21-17.

По израмнетата прва третина (5-5), „црвено - жолтите“ одиграа далаку подобро во втората, во која ја направија клучната предност за победа (8-3). Уште на стратот од третиот период македонските ракометари постигнаа два брзи погодоци за водство од 15-9, а највисоката предност ја имаа некаде на средината на последниот дел кога поведоа со 17-11. До крајот нашите младинци малку попуштија пред се во одбраната, но во ниту еден момент не ја загрозија победата.

Инаку, попладнево Македонија одигра и против Шпанија, каде загуби со 21-14.

На турнирот има посебни правила, па наместо стандардните две полувремиња, тука се играат третини по 15 минути. Што се однесува до бодувањето, секој победник во третина добива по еден бод, а победникот на мечот добива два бодови, што значи дека Македонија моментно има четири бода, колку што освои во вториот натпревар.

Следен противник на Македнија е селекцијата на Тунис, меч кој ќе се одигра утре во 12 часот.