Македонија ги доби противниците за ЕП, ќе играме во - Дебрецин!

Македонските ракометарки денеска ги дознаа противниците за Европското првенство кое пред крајот на годината ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ждрепката ја смести Македонија заедно со Унгарија, а тоа значи дека нашата група од  ќе ја играме во Дебрецин.

Покрај Македонија и Унгарија, во нашата група се уште и селекциите на Шведска и Турција.

Првите две селекции од групите продолжуваат во следната рунда, вторите две ќе бидат елиминирани.

За женската ракометна репрезентација на Македонија ова ќе биде седмо учество на Европските првенства. 

Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија се игра од 28. ноември до 15. декември.