Магдебург му се заблагодари: Кузмановски е еден од најталентираните бекови во Европа! (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, во иднина ќе ги брани боите на Хановер, откако денеска тимот на Магдебург преку соопштние до јавноста соопшти дека ја прекинал соработката со нашиот бек.

Иако од поодамна се знаеше дека ќе замине во друг клуб, Магдебург денес преку социјалните мрежи му се заблагодари за неговиот придонес во екипата. 

Кузмановски е еден од најталнтираните бекови во Европа, во него има голем потенцијал. Ќе го набљудуваме и понатаму неговиот развој. Можеби повторно ќе соработуваме во иднина. Мене многу ми се допаѓа момчето и му посакувам се најдобро во понатамошната кариера, истакна Вигерт.

Ова е петти клуб за Кузмановски во кариерата, а претходно ги бранеше боите на Пелистер, Металург и Еурофарм Работник.