Лазаров одбра, четворица отпаднаа за патувањето во Солун!

Кире Лазаров реши со 18 ракометари да отпатува за Солун, за двете пријателски средби со Грција, кои Македонија ќе ги одигра утре и в сабота (17.30 часот), како увертира во подготовките за Европското првенство во јануари.

Од списокот со 22 играчи отпаднаа четворица. Средниот бек Марко Митев и дефанизвецот Едвин Омерагиќ се пожалиле на поситни повреди, па за да не ризикува со нив, Лазаров ги остави во Скопје. Од комбинација отпадна и најмладиот меѓу четворицата пикери, Марко Стојковиќ, како и Емилијан Ѓорговски, левиот бек на Пелистер.

Репрезентативците претпладнево тренираа во Автокоманда, треба да отпатува за Солун попладнево во 14 часот, да ја искористи ноќва за одмор, а утре од 17.30 часот по македонско време да ја одигра првата од двете контроли.

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски

СРЕДНИ БЕКОВИ: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов 

ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Томи Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски

ДЕСНИ КРИЛА: Ненад Костески, Никола Костески

ЛЕВИ КРИЛА: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ

ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.