Лазаров го објави поширокиот список за Светското првенство во јануари! (ФОТО)

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за Светското првенство во јануари во Полска и Шведска.

На списокот Лазаров ги има сите расположливи сили со кои ќе тргне на Мундијалот во групата Ф во која противници ни се Норвешка, Холандија и Аргентина.

Македонија шампионатот го отвора на 13 јануари против Норвешка од 20.30 часот, па на 15 јануари против Холандија играме од 18 часот, а во ист термин е и третиот меч на 17 јануари со Аргентина.

Ова е изборот на Лазаров од 35 ракометари за СП.