Лазаров го објасни играњето без крила со Данците - не било случајност!

Македонската ракометна репрезентација во вчерашниот натпревар против Данска можеби за првпат во еден дуел немаше ниту еден шут од крило, а тоа воопшто не било случајност.

Против Данците имавме вкупно 45 удари кон голот и ниту еден не беше од крило. Причина за нашата ваква игра бил стилнот на игра и голманот на Данците, потврди Лазаров.

„Данците функционираат поинаку во одбрана и не е случајно што нашите крила немаа шутеви кон гол. Поради нашите крила така функциониравме, Емил Нилсен тие удари и повеќе ги сака. Имаме проблеми во напад и 15-20 пати влегуваме во пасивна игра и тоа е последица на играта во нашата лига. Бевме предупредени пред првенството на тоа, еве и сега зборуваме за тоа. Тоа се навики кои тешко се искоренуваат, Нашите најдобри клубови во домашната лига често играат така со застанување на играта и кога ќе налетате на ваква репрезентација имате голем проблем.

Се обидуваме со тренажен процес, но не е така лесно на натпревар да се импементира. Ако утре Португалија го принуди нашиот напад на 7-8 пасивни напади, тогаш веќе имаме проблем, Разговарам со нашите бекови, мора да бидат физички максимално спремни за да се натпреваруваме со нив. Не сме лоши и вака, меѓутоа ако сакаме да бидеме на едно повисоко ниво, мораме да работиме на тоа. Ги знам јас нашите слаби страни, но е тешко да ги искорениме. По ова што го кажавума мислам дека и тие ќе разберат“, објасни Лазаров.

Натпреварот против Португалија, Македонија го игра утре во терминот од 18:00 часот, додека во вторник ќе се соочиме со Романија во последниот натпревар од првата фаза.