
Кузмановски: Со кренати глави се враќаме во Македонија!
Филип Кузмановски кажа дека Македонија покажала како треба да игра и со кренати глави се враќаат во татковината.
„Реални бевме и пред првенството дека против домаќинот Германија и олимпискиот шампион Франција немаме големи шанси затоа што имаат поквалитетни репрезентации. За мечот против Швајцарија се надевавме на победа и пред натпреварот затоа што знаевме дека сме подобри од нив. Ние сме млади и покажавме како треба да играме. Ова е одлично за нашата самодоверба и покажавме дека може да се натпреваруваме на големите турнири. Треба да веруваме и тактички сме подготвени, ние сакаме секогаш да победуваме, но понекогаш е потребна и среќа. Најважно за нас е што со кренати глави се враќаме во Македонија, бидејќи остваривме исклучително важен триумф за иднината на ракометот“, кажа Кузмановски.
Ова беше прва победа за македонската селекција на европските првенства по пауза од четири години.