Криштопанс ја одведе Летонија до историско ЕП, пред нив падна Словенија!

Ракометната репрезентација на Летонија направи огромно изненадување и за прв пат во својата историја се пласираше на Европско првенство по победата над Словенија од 25-24. Еден од најзаслужните играчи на Вардар за титулата во Лигата на шампионите, десниот бек Даинис Криштопанс го предводеше тимот со 13 погодоци и беше најзслужен за овој неверојатен успех.