Кипријановска по пласманот на ЕП: Ова е голем успех за Македонија!

Македонската ракометарка Јована Кипријановска беше среќна по победата на Македонија против Азербејџан (37-22) со која се пласира на Европското првенство (ЕП).

Кипријановска посочи дека немале доволно време да се подготват за дуелот со Азербејџан, но и покрај тоа оствариле позитивен резултат.

„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот“, кажа Кипријановска.

Репрезентативката кажа дека пласманот на ЕП е голем успех за Македонија.

„Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство. Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со овој тим и ќе имам шанса да ha ha придонесам уште многу. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“, вели ракометарката.