Карачиќ поткривнувајќи ја зема наградата и едвај изјави: Ме боли...

Хрватската репрезентација одигра нерешено (22-22)  против селекцијата на Шпанија во рамки на последното коло од главната фаза на Европското ракометно првенство.

Но, овој натпревар му донесе нови главоболки на селекторот Лино Червар, кој покрај тоа што не успеа да го освои првото место во групата, може да остане и без услугите на Игор Карачиќ. Бекот, кој беше најефикасен на натпреварот со 10 гола, се повреди во финишот од натпреварот и поткривнуваше додека ја земаше наградата за најдобар ракометар на мечот.

Имено, Карачик тргна во напад, но се удри во Алекс Душебаев и падна на десното колено. Тоа беше класичен судар колено во колено, но подебелиот крај го извлече Душебаев, кој беше префрлен во болница. 

Ме боли, извикувал Карачиќ додека минувал низ Прес - зоната.

Засега нема информации дали се работи за некоја посериозна повреда за двата ракоемтари, а на овој меч Червар не можеше да смета на Лука Циндриќ, кој има повреда на мускулите, но се очекува дека ќе биде „фит“ за полуфиналниот меч.