Кадетите поразени и од Полска на ЕП во Подгорица

Македонските ракометари до 18 години го претрпеа и третиот пораз во групната фаза на Европското првенство во Подгорица.

По поразите од Франција и Германија, денеска подобра од нашите млади ракометари беше и Полска со резултат 30:26. Ова беше натпревар за избегнување на последното место во групата бидејќи и Полјаците забележаа порази во првите две кола.

Од почетокот до крајот Полска беше таа која ја имаше предноста. Највисоката разлика ја направија кон средината на првиот дел кога поведоа со пет голови предност (13-8). До паузата ние намаливе на 14:11, а на стартот од вториот дел дојдовме и до изедначување на 14:14.

Во продлжение сепак Полска не дозволи да се разиграме, па најчесто одржуваа водство од два-три гола за на крајот да слават победа со четири гола разлика.

Сега младите ракометари ги очекува разигрување за избегнување на едно од трите последни места кои носат испаѓање во „Б“ дивизијата.