Кадетите подобри од Саудиска Арабија за втора победа на Медитеранскиот шампионат

Кадетската ракометна репрезетација на Македонија по вчерашниот дебакл од Грција од 11 голови разлика денеска им се врати на победите на Медитеранскиот шампионат во Атина.

Момците предводени од селекторот Никола Матлиески денеска славеа убедлива победа од 22-14 против Саудиска Арабија во разигрувањето за пласман од 9-тото до 14-тото место на турнирот.

За Македонија ова беше само втора победа на турнирот по онаа против Мароко во групната фаза од 21-17. Загубивме од Шпанија, Турнис, Хрватска, Црна Гора и Грција, а ремизиравме со Турција.

Утре го играме последниот натпревар во разигрувањето и тоа со селекцијата на Кувајт.