Кадетите го освоија 10.место на Медитеранскиот шампионат

Македонската кадетска репрезентација славеше против Кувајт со 22-13 и го освои 10-тото место на Медитеранскиот шампионат, што изминатиот период се одржуваше во Атина, Грција.

Избраниците на селекторот Никола Матлиески беа доминантни и во првата третина водеа со 5-3. Во втората беше израмнето 4-4, а убедливата победа нашите ракометари ја остварија во последниот период кога славеа со 13-6. 

Со триумфот Македонија освои 4,5 бодови за вкупно 16,5 и конечен пласман на 10 место без разлика на останатите натпревари. Медитеранскиот шампионат Македонија го завршува со три победи, пет порази и едно реми.