Грчевски: Направивме премногу технички грешки и промашивме од чисти ситуации
Конечниот исход дури е и добар за нашиот национален тим ако се знае дека 20 минути немавме постигнат гол, а во еден период противникот водеше и со 16 разлика. Македонија сега е во серија од седум порази на европските првенства, а селекторот Кристијан Грчевски ги лоцира причините за последниот од нив.
„Игравме добро на почетокот од натпреварот, но потоа направивме премногу технички грешки и промашивме од чисти ситуација. Конечниот резултат е последица на сето тоа“, рече Грчевски.
Шанса за поправка на впечатокот, македонската репрезентација ќе има утре кога се среќава со дебитантот на европските првенства Турција која вчера загуби од Унгарија со 24-30.