Го видовме најмизерното полувреме за Македонија на првенствата

Македонските ракометари успеаја да одиграат и полошо од првиот натпревар, со Шведска, во четвртокот. По едно полувреме со Египет губат со неверојатни 14 разлика, со постигнати само шест гола.

Домаќинот на Мундијалот води со 20-6, користејќи ги максимално грешките и деконцентрацијата во нашата игра. Од 30 минути, Македонија имаше два периода од вкупно 21 минута без да постигне гол. Од шестата, кога беше 5-3, за следен гол чекавме до 16-тата, кога веќе беше 10-3 за Египет. Тогаш направивме серија од 3-0, но тоа беше последното од Македонија. Од 19. минута, докрај не постигна ниеден гол.

Причина за ова е новиот голман на Пелистер, Хендави, со пет одбрани, но многу повеќе огромниот број грешки во додавање на македонските ракометари.