Газдата на хрватскиот ракомет песимист: Тешко дека ќе пројдеме во вториот круг!

Еден од фаворитите во нашата група на ракометното СП, селекцијата на Хрватска, никогаш вака обесхрабрена не тргнала на едно големо натпреварување. „Коцкестите“ имаа несреќа да им се повредат тројца од главните играчи, па сега и јавноста не е намерачена на освојување на медал. Но, шокантна изјава доаѓа од Зоран Гобац, човекот кој е  алфа и омега во хрватскиот ракомет.

„Никогаш на Червар не му било толку тешко да формира екипа за СП. На сите добронамерни им е јасно дека повредите на Мамиќ, Павловиќ и Мариќ се огромен удар. Но, ние не сме навикнати да плачеме, идеме на СП да се пласираме што е можно погоре, но... Не би говорел за нашите цели. Првиот меч (Исланд н.з.) може да биде претежок, како и сите наредни средби. Кога ќе ја видите групата, многу тешко е да се очекува дека е се пласираме во вториот круг, а не па да имаме два или четири бода на контото. И да одиме понатаму, вкрстуваме со Франција, Германија и со уште една селекција која сигурно ќе биде силна. Единствено што можм да ветам е дека ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме добар пласман“, рече газдата на хрватскиот ракомет.

Македонија со Хрватска игра во третото коло, в понеделник, а никогаш досега селекцијата предводена од Лино Червар не била толку ранлива. Идеално време е да ги победиме и да си го олесниме патот до освојување место кое гарантира пласман на олимписките квалификации.