И премиерот Заев ќе ги бодри ракометарите во Вараждин!
Претседателот на Владата е познат како вљубеник во спортот, а посебно на ракометот, поради што воопшто не зачудува што ја искористил можноста да се најде во Хрватска заедно со неколку илјади други сограѓани за од трибините да им помогне на избраниците на селекторот Раул Гонзалес.
Жолто-црвените бркаат најмалку бод, кој потоа со евентуален триумф над Чешка би значел и речиси сигурен пласман на едно од првите две места во групата, а со тоа и место во борбата за медали.